Величе Шумуликоски ја заврши кариерата

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Величе Шумуликоски стави крај на активната кариера. Третиот фудбалер со најмногу настапи во националниот тим, вкупно 84, во последните пет сезони го носеше дресот на Словачко, а во кариерата беше дел и од рускиот Зенит, англискиот Ипсвич, кинескиот Тианјин.

Шумуликоски беше дел и од Целје, Бурсаспор и Новосибирск, а повеќе од една деценија беше незаменлив во фудбалската репрезентација на Македонија. По завршувањето на активната фудбалска кариера, Величе Шумуликоски се очекува да почне со тренерскиот занает.

Се вчитува...