„Величествените осум“ – По три англиски и шпански клубови, Италија без ниту еден претставник во четвртфиналето

Со завршувањето на вечерашните два натпревари познати се сите учесници во четвртфиналето од годинашното издание во Лигата на шампионите. На ждрепката која на програмата ќе биде во петок по три преставници ќе имаат Премиер-лигата и Ла лига.

Англија ќе ја претставуваат актуелниот европски шампион Челси, домашниот шампион Манчестер сити и Ливерпул. Претставници од Шпанија ќе бидат најтрофејниот клуб во натпреварувањето Реал Мадрид, градскиот ривал Атлетико и освојувачот на Лигата на Европа минатата сезона Вилјареал.

Друштво на англиските тимови ќе им прави еден португалски Бенфика и еден германски Баерн Минхен. Интересно е тоа што Италија остана без ниту еден претставник во елитното натпреварување, откако прво во групната фаза испаднаа Аталанта и Милан, а во осминафиналето беа елиминирани и Јувентус и Интер.

Се вчитува...