Великаните и бројни фудбалски ѕвезди со поддршка за Торес… (ФОТО)

Поранешните клубови на Фернандо Торес веднаш се огласи по стравичната повреда на главата со која се здоби шпанскиот офанзивец на синоќешниот дуел меѓу Депортиво и Атлетико Мадрид.

Торес е добар по брзата интервенција и на терен, и потоа во болницата, а него не го заборавија и неговите поранешни клубови Ливерпул, Челси и Милан…

„Нашите мисли вечерва се само со тебе Нандо. Ништо друго не е важно. Закрепни побрзо“ – се пораките од Челси и од Ливерпул.

ramos

А пораки со поддршка испратија и бројни славни фудбалери од европскиот континент, меѓу кои Серхио Рамос, Алваро Мората, Дидие Дрогба, Нејмар…

drogba

Се вчитува...