Велкоски и Сараево го освоија купот на БиХ

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски и неговиот Сарајево го освоија купот на Босна и Херцеговина откако во финалето по изведување на пеналите го совладаа Борац Бања Лука.

Откако по регуларните 90. минути, натпреварот заврши без голови 0-0, тимот од главниот град на Босна и Херцеговина славеше на пенали со 4-2. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на вториот пенал за својот тим.

За потсетување Сараево ја изгуби титулата во Премиер-лигата токму од денешниот противник. По прославата на титулата, Велкоски ќе и се приклучи на репрезентацијата на подготовките за пласман на ЕВРО 2020.

Се вчитува...