Велкоски потпиша нов двегодишен договор со Сараево: „Овој клуб и овој град засекогаш ќе бидат мојот дом“

Крсте Велкоски, кој по настапот на ЕВРО 2020 донесе одлука за повлекување од репрезентативниот дрес во иднина, денеска и официјално, како што се очекуваше, потпиша нов двегодишен договор со Сараево.

Велкоски по официјализирањето на продолжената соработка не го криеше задоволството од новиот договор со „бордо тимот“.

„Среќен сум со продолжувањето на соработката. Веќе шест години за мене претставува вистинско задоволство да се носи бордо дресот. Овој клуб и овој град засекогаш ќе бидат мојот дом. Се радувам на освојувањето нови трофеи и ќе направам се и во иднина да носиме радост за нашите навивачи“ – истакна Велкоски.

Минатата сезона Крсте Велкоски одигра вкупно 34 натпревари за Сараево, со четири постигнати гола и седум асистенции. Вкупно за Сараево, во два мандати, има 209 натпревари и 66 постигнати голови.

Се вчитува...