Велкоски стрелаше за Сараево за финале во Купот на БиХ

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски ја запечати победата од 3-1 на Сараево против Тузла за финале во Купот на БиХ.

Во полуфиналната пресметка, Сараево со пресврт дојде до победата откако Тузла поведе со 0-1. Велкоски го постигна третиот гол за својот тим во 84. минута, за конечни 3-1.

Во финалето „бордо тимот“ ќе се соочи со екипата на Борац на 27. мај.

Се вчитува...