Велковски и Чурлинов со највисоки оценки, Адеми покажа колку е важен за националниот тим!

Дарко Велковски и Дарко Чурлинов се најдоброоценетите македонските репрезентативци во триумфот над Лихтенштајн од 0-4 на синоќешниот дуел во Вадуц во квалификациите за СП 2022.

Според специјализираните европски фудбалски сајтови кои ги анализираат мундијалските квалификации, Дарко Велковски е играч на натпреварот синоќа во Вадуц, со оценка од 9.0 издвојувајќи се на теренот на „Рајнпарк стадионот“. Велковски, покрај стандардните дефанзивни задачи, беше во голема мера и организаторот на нападите на Македонија сето тоа заокружувајќи го и со погодок.

Втор најдоброоценет македонски фудбалер е Дарко Чурлинов со оценка од 8.5, со нагласок како континуирано опасен пред голот на противникот. Во првиот дел и самиот сервираше неколку одлични шанси за соиграчите, за да на крај со гол ја заокружи одличната партија.

Веднаш зад нив, според оценките, е Аријан Адеми со 8.0. Но, кога е во прашање Адеми оценката и воопшто не е важна, затоа што фудбалерот на Динамо Загреб и тоа како потврди колку е значаен за играта на македонската репрезентација. Адеми покажа колку недостасувал во септемвриските пресметки, вистински лидер во средниот ред, мотиватор и креатор на победничкиот менталитет.

Факт е дека позитивна оценка има за сите кои настапија синоќа во Вадуц, меѓу нив и двајцата дебитанти Бојан Миовски и Ердал Ракип кој потврдија дека и тоа како може да бидат сериозно освежување за националниот тим.

Се вчитува...