Велковски со емотивно збогување од Ријека: Благодарен сум што имав чест да настапувам за овој тим

Дарко Велковски имаше емотивно збогување од Ријека, каде што настапуваше во изминатите четири години пред да направи трансфер летово. Неговиот договор со хрватскиот тим истече, а откако не го продолжи, како слободен играч бараше клуб, и го најде во Саудиска Арабија.

Тој се потсети на миговите кога настапуваше за тимот на Ријека, напоменувајќи дека настапите во овој клуб му биле едно „големо школо“.

„Најдрага Ријеко, дојде тој ден да се простиме. Засекогаш во мислите ќе ги носам сите убави моменти кои ги доживеав во овие четири години, 2 освени Купа, Лига Европа засекогаш посебно ќе ги паметам. Благодарност до сите акционери во клубот, благодарност до Армада и до сите останати. Ова за мене беше едно големо школо. Благодарен сум што имав чест да настапувам за тим каков што е Ријека. Ви благодарам за се“, напиша Велковски на „Фејсбук“.

Се вчитува...