Велковски со Ријека во плеј-оф колото од Конференциската лига, Милан Ристовски не успеа со Трнава

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски со својата Ријека обезбедија место во плеј-оф рундата од Конференциската лига на УЕФА, откако на реванш дуелот против шкотски Хибернијан славеа убедливо со 4-1.

По оние 1-1 од првиот меч во Шкотска, хрватскиот тим со вкупни 5-2 обезбеди битка за место во групната фаза.

Милан Ристовски, пак, со словачка Трнава завршија со Европа откако загубија со 1-0 на гостувањето против Макаби Тел Авив.

Елиминирана е и албанска Теута од ирски Шамрок Роверс, во чии редови настапуваат Баже Тодоровски, голманот Боби Целески, Христијан Драгарски и Пепи Георгиев. Елиминација од белгиски Андерлехт доживеа и албански Лачи во чии редови настапуваат и Илирид Адеми и Башким Велија.

Се вчитува...