Велковски во тимот на рундата во мундијалските квалификации

Дарко Велковски доби место меѓу најдобрите 11 фудбалери на рундата во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Велковски беше најдобар македонски фудбалер во убедливиот триумф на гостувањето кај Лихтенштајн од 0-4.

Покрај одличната игра во одбрана, македонскиот стопер беше стрелец и на првиот погодок за „црвено-жолтите“.

Се вчитува...