Велс цели 47 години чекаше на ваков натпревар

Националниот тим на Велс, вчера со 7-1 ја порази Македонија во натпревар од последното коло во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. Ова беше најголема победа на Велс во последните 47 години.

Велшаните последен пат ја совладаа Малта со 7-0 во далечната 1978 година. Од тогаш па наваму цели 47 години чекаа на меч во кој ќе постигнат седум голови против еден противник.

Инаку најголемата победа на Велс датира уште од предминатиот век, односно од 1888 година, кога ја победија Ирска со 11-0.

Се вчитува...