Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Оклахома со резултат од 118-91 и се изборија за мајсторка во финалето на Западната конференција.
Виктор Вембањама ги предводеше Спарсите со 28 поени, 10 скока, три блокади, две асистенции и две украдени топки.
Домашните покажаа енергија од самиот почеток и имаа предност од почетокот до крајот на натпреварот.
Серијата од 20-0 со која го прекинаа противникот се случи во третата четвртина.
Вембањама беше придружуван од Дилан Харпер со 18 поени, шест скока и четири асистенции, и Стефон Касл со 17 поени, девет асистенции и пет скока.
На другата страна, Шеј Гилџус-Александар беше најефикасен со 15 поени и четири асистенции. Џаред Мекејн имаше 13 поени и шест асистенции, Кејсон Волас 11, додека Чет Холмгрен имаше дабл-дабл со 10 поени и 11 скока.
Мајсторот е на програмата во недела од 14 часот во Оклахома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
