Вембањама ја „распарчи“ Минесота и го доближи Сан Антонио до финале

Сан Антонио Спарс поведоа со 3-2 во серијата од второто коло од плејофот против Минесота Тимбервулвс, откако ги победија со 126-97 дома во среда навечер.

Херој на победата беше Виктор Вембањама кој постигна 27 поени, 17 скока и пет асистеинции.

И овој меч мина тензично, откако Рид заработи техничка грешка за туркање на Вембањама од позади на две и пол минути пред крајот на првото полувреме. Французнот веќе во првиот период постигна 18 поени, и се виде дека е расположен за играње.

Тимбервулвс ја отворија третата четвртина со серија од 14:2 и успеаја да го израмнат резултатот, откако заостануваа со 18 поени во првото полувреме. Во тие моменти, одбраната на Минесота пресретна три обиди за додавање „алеј-уп“ наменети за 224 сантиметри високиот центар на Спарс.

Сепак, до крајот на третата четвртина, Спарс вратија двоцифрена предност, која ја бранеа до крајот на натпреварот

Се вчитува...