Виктор Вембањама верува дека е способен да го направи она што само еден човек во историјата на НБА успеал да го направи – да постигне 100 поени во еден натпревар.
Ѕвездата на Сан Антонио Спарс одговори на кратки прашања од францускиот креатор на содржини Рукикс.
Кога го прашаа дали се согласува со тврдењето дека може да постигне повеќе од 100 поени во еден НБА натпревар, Вембањама кратко одговори:
„Да, би можел“, кратко одговори Французинот.
Единствениот играч кој некогаш постигнал 100 поени во НБА натпревар е легендарниот Вилт Чемберлен, кој го постави рекордот во 1962 година.
Најблиску до тоа достигнување беа Бам Адебајо со 83 поени минатата сезона, и покојниот Коби Брајант со 81 поен во 2006 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА