Вембањама обвинет дека поттикнувал насилство на терените (ВИДЕО)

Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама е обвинет дека им барал на своите соиграчи да прават груби прекршоци на синоќешниот натпревар против Оклахома.

Оклахома го победи Сан Антонио Спарс во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција и поведе во серијата со 3-2.

Имаше многу чудни моменти на натпреварот, Спарс често се жалеа на нееднаквите критериуми за судење, а по натпреварот навивачите на Оклахома забележаа бизарни работи.

Виктор Вембањама беше обвинет за оркестрирање на насилството, поточно барајќи од соиграчите Мејсон Пламли и Бизмак Бијомбо да прават груби фаули.

Камерите го фатија Вемби како им дава тајни совети на соиграчите непосредно пред да влезат во играта.

Кратко по почетокот на натпреварот ги видовме Пламли и Бијомбо со два силни фаули врз Џаред Мекејн.

Пламли го удри Мекејн со лакт во грбот за прв пат за време на блокада, а бекот на Оклахома заврши на теренот. Побараа неспортски фаул врз Тандер, но тоа не се случи.

Набрзо потоа, Бисмак Бијомбо го удри и Мекејн.

На 50 секунди до крајот на натпреварот, Џаред отиде до обрачот и доби хокеарски удар од Бијомбо, кој веднаш го фрли на подот.

Се вчитува...