Кошаркарите на Сан Антонио спурс направија брејк и поведоа со 1-0 против актуелниот шампион во НБА лигата, Оклахома сити тандер откако синоќа во неверојатен натпревар славеа по две продолженија со 115-122.
Неверојатна партија во дресот на Спурс одигра францускиот центар Виктор Вембањама кој натпреварот го заврши со 41 поен, надополнет со 24 скока. Кај поразените најефикасен беше Алек Карузо со 31 поен.
Вечерва почнува финалето и во Источната конференција во кое се среќаваат Њујорк никс и Кливленд кавалирс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
