Венгер ги смири фановите: Мхитарјан се враќа за две седмици

Ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан сепак нема да отсуствува до крајот на сезоната. Ова секако е одлична вест за менаџерот Арсен Венгер и за фановите на Арсенал во пресрет на завршницата во Лигата на Европа, во која „топчиите“ ќе се борат и за можност да стигнат до место во ЛШ, доколку го освојат трофејот. Во полуфиналето, Арсенал ќе игра против Атлетико Мадрид.

Офанзивецот ги повреди лигаментите на коленото на првиот меч против ЦСКА Москва, а првичната проценка беше дека се работи за сериозна повреда. Но, Венгер вели дека тој најверојатно ќе се врати на терените за околу две седмици.

„Точно е, се работи за лигаментите на коленото, но не треба да се грижиме, затоа што Хенрик ќе се врати за две седмици. Имаме одличен лекарски тим, кој сериозно се грижи за неговиот третман“, изјави Венгер по синоќешната елиминација на ЦСКА Москва и пласманот во полуфиналето на Лигата на Европа.

 

 

Се вчитува...