Венгер контра критичарите: Јас сум синоним за стабилноста на Арсенал

Арсенал се наоѓа во сериозна резултатска криза, претрпе четири порази во последните пет натпревари, а викендов игра тежок дерби дуел против Манчестер сити. Притисокот врз Арсен Венгер е огромен, но искусниот француски стратег исто како и многу пати претходно јасно стави до знаење дека нема намера да потклекне и да се повлече. Тој потенцираше дека инсистира на далеку поголема фокусираност од своите фудбалери, по наивните голови примени при последниот пораз од ВБА.

Ме обвинуваат дека сум внел нестабилност во клубот. Ако постои нешто што во овие дваесет години поставив во Арсенал, тоа е стабилноста, јас сум синоним за стабилноста на овој клуб. Покажав огромна посветеност на клубот, и денеска работам со истата лојалност и енергија како и пред десет години. Точно е, се наоѓаме во криза, играчите ќе мора да играат многу подобро. Мораме да се браниме подобро при корнерите, да бидеме фокусирани во текот на сите 90 минути. Не е важно дали јас ќе останам или ќе си одам утре, за два месеци или за две години. Се додека сум овде ќе дадам се од себе, а истото ќе го барам и од моите фудбалери“ – дециден е Венгер.

Актуелниот договор на францускиот стратег со Арсенал истекува на крајот од сезонава, а англиските медиуми најавуваат дека и покрај големото незадоволство на навивачите управата на клубот му понудила на Венгер нов двогодишен договор.

Се вчитува...