Венгер има два фаворити за завршницата на ЛШ

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер откри кои тимови според него се фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Елитното европско натпреварување во петок продолжува со реванш осминафиналните натпревари.

„Кога играте еден натпревар против Аталанта или Атлетико Мадрид се е можно, но според мене главни фаворити се Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Иако според мене двете екипи се далеку послаби од тоа што беа пред неколку сезони, кога и самото натпреварување беше посилно. Квалитетот на фудбалот генерално е паднат, но Сити и ПСЖ и понатаму се две од трите најсилни екипи моментално“, изјави Венгер. 

По реваншите, тимовите се селат во Лисабон каде ќе се одигра фајнал 8 завршницата.

Се вчитува...