Венцислав и Дејан Недев на меморијалниот карате семинар “Хироши Шираи” во Милано

На покана на Италијанската карате федерација (ФИКТА), Венцислав Недев и Дејан Недев ќе учествуваат на меморијалниот карате семинар „Хироши Шираи“, кој ќе се одржи на 5. октомври во Милано, Италија.

Семинарот ќе го водат легендарните карате мајстори Фуугаца, Кампари, Кардинале и Акри – долгогодишни ученици на Шираи Сенсеи.

Исто така, на покана на семејството Шираи, Недеви ќе присуствуваат на свечен ручек во чест на легендарниот мајстор Хироши Шираи, кој минатата година почина на 87-годишна возраст.

Се вчитува...