Венцислав Недев предавач на ИТКФ глобалниот карате-семинар кој ќе се одржи на 12. септември

Членовите на техничкиот комитет на ИТКФ, кој на 12. септември ќе одржи глобален онлајн карате семинар, на вчерашниот онлајн-состанокот ја усвоија програмата, распоредот и темите кој ќе бидат презентирани на семинарот.

Прво предавање ќе има др. Владимир Јорга од Србија на тема „Традиционално карате и општото здравје”, втор предавач ќе биде Елиџио Контарели од Италија на тема „Методи на ИТКФ ката тренингот”, трет предавач ќе биде Ричард Јоргенсен од Канада на тема „Што е ИТКФ историја и дефиниција на традиционалното карате”, четврт предавач ќе биде Венцислав Недев од Македонија на тема „Принципи на традиционалното карате од биомеханички аспект”, петти предавач ќе биде Џилберто Гартнер од Бразил со тема „Традиционалното карате и емоционална рамнотежа”, и шести предавач ќе биде Хусто Гомез од Аргентина-повеќекратен светски шампион, со практично предавање “Демонстрација на ката КИТЕИ”.

Се вчитува...