Венцислав Недев примен во највисокото раководно тело на ИТКФ

На Генералното собрание на ИТКФ кое се одржа во Куритиба, Бразил, Венцислав Недев е официјално примен во Шихан-каи на ИТКФ (највисоко советодавно тело во светот на традиционалното карате).

Покрај Венцислав Недев членови на ИТКФ-Шихан-каи се и др Владимир Јорга од Србија, Луис Ватанабе од Јапонија, Ричард Јоргенсен од Канада, Џилберто Гартнер од Бразил и Дино Котрарели од Италија.

Ова признание за Недев се должи на неговата континуирана 50-годишна работа и огромниот придонес во развојот на традиционалното карате во Европа и во светот.

Се вчитува...