Џампјеро Вентура и официјално веќе не е селектор на Италија, откако не успеа да ги одведе „аѕурите“ на Светското првенство во Русија. Тој не даде оставка веднаш, иако имаше такви најави, но го стори тоа денеска откако имаше средба со претседателот на ФИГЦ, Карло Тавекио.
По кусата средба, Вентура спогодбено си заминува од функцијата, со оглед дека не ја исполни целта, да ја одведе Италија на мундијалот во Русија. Тоа е оценето како трагедија на „чизмата“, бидејќи е првпат по пауза од цели 60 години, оваа селекција да не биде дел од завршниот фудбалски самит.
Претседателот на ФИГЦ, Карло Тавекио, засега останува на својата фунција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА