Вентура си поднесе оставка од селекторската позиција на Италија

Џампјеро Вентура во овие моменти е сигурно најомразениот лик во италијанскиот фудбал. Откако не успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија, тој вечерва си поднесе неотповиклива оставка од селекторската позиција.

Сепак, се чини дека оваа негова реакција и нема многу да ги смени погледите кон него и неговата работа со националниот тим на „аѕурите“. Италија не блескаше ниту во квалификациската група, извлекувајќи се против Македонија во Скопје со гол во судиското продолжение, а во Торино одигравме 1-1. По овој меч, Вентура доби и новинарско прашање дали размислува за оставка, и во тие моменти се смееше. Сега е веќе доцна за да си замине…

Се вчитува...