Вердер и во Леверкузен ја продолжи серијата без пораз

Вердер Бремен ја продолжува низата без пораз во германската Бундеслига, ремизирајќи (1-1) на гостувањето против Баер Леверкузен во првиот натпревар од 24. коло.

Тешка битка го очекува тимот од Бремен во трката за опстанок сезонава, во која повеќе од добредојден е бодот од Леверкузен. По претходните три победи, Вердер сега ремизираше откако дојде до погодок преку Пизаро во 79. минута од средбата. Претходно домашните поведоа со голот на Воланд уште во 7. минута од натпреварот.

All & Goals & Highlights Bayer 04 Leverkusen… by MixxiTV1

Леверкузен имаше можност во 96. минута да дојде до победата, но Омер Топрак не успеа да погоди од белата точка.

Вердер сега има 26 бода, со плус три бода издвојувајќи се Хамбургер кој е на позицијата (16. место) која носи разигрување во плеј-аутот за опстанок во лигата. Леверкузен, пак, остана на 10. место сега со 31 бод, и трет едноподруго натпревар не успевајќи да дојде до победа.

Се вчитува...