Верди ги одби „наполитанците“, не сака трансфер во јануари

Крилниот играч на Болоња, Симоне Верди, одби да се пресели во редовите на Наполи во овој преоден рок. Италијанецот заедно со неговиот клуб одлучија да не го реализираат трансферот во јануари, поточно на половина од сезоната, но би ја прифатил понудата на лидерот во Серија А доколку има интерес за него на лето. Претходно, Болоња ја прифати понудата од 25 милиони евра од Наполи за фудбалерот, но Верди го имаше последниот збор околу евентуална преселба.

Иако „наполитанците“ го таргетираа Верди како примарна цел за зимскиот трансфер рок, фудбалерот одлучи да ја заврши сезоната со Болоња и се надева дека ќе го подобри неговиот досегашен ефект. Верди исто така се сомневаше во неговата минутажа во Наполи, знаејќи дека нападот го предводат Мертенс, Инсиње и Калјехон.

Претседателот Аурелио де Лаурентис сега своето внимание ќе го насочи кон Делофеу од Барселона и Лукаш од ПСЖ.

Се вчитува...