Вернер донесе 0-3 за Челси, па Реал се врати од „мртвите“ (ВИДЕО)

Какви пет минути на „Сантијаго Бернабе“. Најпрво Тимо Вернер во 75. минута донесе 0-3 за Челси и во тие мигови пласман на „сините“ во полуфиналето. Вернер убаво ја измеша целата одбрана и погоди во мрежата на Куртоа.

И кога се чинеше дека Челси ја има контролата на „Бернабе“, во 79. минута Родриго носи 3-1, и вкупни 4-4. По една нафрлена топка, Родриго спроведе во мрежата на Менди.

Ова е истиот резултат од првиот меч, а исто е и во Минхен. По победата на Вилјареал на првиот меч од 1-0, сега Баерн има водство од 1-0.

Се вчитува...