Вернер: Ме спуштија на земја во Англија

Тимо Вернер пристигна во Челси како еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата каде во претходната сезона во дресот на Лајпциг на 34 натпревари, 28 пати се запиша во листата на стрелците.

Германецот не ги оправда очекувањата во Премиерлигата, долго време беше без постигнат гол, а сега проговоре и за проблемите со кои се соочува во Англија.

„Приметив дека доколку си без постигнат гол подолго време, Вас повеќе не ве викаат „супер напаѓач“. Во последните месеци се спуштив на земја. Во Англија фудбалерите се високи 1.90 метра, силни се и многу се брзи, вклучувајќи ги и дефанзивците“ – изјави Вернер.

 

Се вчитува...