ЕКИПА во Сараево, БиХ,
Горан Бошев
Македонскиот селектор Гоце Седлоски, со неколку претпоставени комбинации во стартниот состав во однос на претходниот собир, ќе се спротистави на селекцијата на БиХ на денешниот пријателски натпревар во Сараево.
Според очекувањата, Македонија ќе игра во формација 3-5-2, со Миовски и Растодер во најофанзивната линија.
Во средниот ред треба да бидат Алиоски на левата и Стефан Деспотовски на десната крилна позиција, а во средината Елмас, Елези и Николов.
Во дефанзивата се очекува да бидат Фетаи, Велковски и Муслиу пред голманот Столе Димитриевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА