ВЕРОЈАТНИОТ СОСТАВ НА ГЕРМАНИЈА: Нојер на гол, Вернер во напад, и Сане и Гнабри како крила

Ханси Флик не би требало да има некои поголеми дилеми околу составот вечерва. Единствено го загрижува повредата на Ридигер за кој веројатно нема да се ризикува, па можно е да се најде на клупата за резерви, а Матијас Гинтер да добие место во првите 11.

Нојер ќе се врати меѓу диреците, во одбраната Керер и Хофман како бекови, и Зиле и Гинтер како стопери. Во средниот ред Кимих и Горецка како последни играчи за врска, Милер понапред заедно со Сане и Гнабри на страничните позиции. И покрај големите критики Вернер се очекува и вечерва да го завземе местото во првите 11 на Флик и да добие уште една шанса.

Германија вечерва со победа и дефинитивно го обезбедува пласманот во Катар. Исто така Германците ќе сакаат и одмазда за оние 1:2 од Дуизбург.

Се вчитува...