Вероника Зузулова најдобра на „Слијеме“

Словачката скијачка Вероника Зузулова е победничка на годинашната трка на „Слијеме“, откако по двете трки во слалом имаше најдобро време. Таа победи со вкупно време од 2:02.53 минути, и се искачи на највисокото место на пиедесталот пред својата сонародничка Петра Влхова која заостана 24 стотинки. Третата позиција и припадна на чешката скијачка Сарка Страхова.

Најдобрата светска скијачка, Микаела Шифрин, не успеа да ја заврши трката, а натпреварувањето беше помор на фаворитките, со оглед дека дури 30 од нив не стигнаа на целта.

Се вчитува...