Макс Верстапен ја освои пол-позицијата во Силверстоун. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Велика Британија и утрешната трка ќе ја започне од пол-позицијата. Оскар Пјасти од Мекларен го освои второто место, а двајцата домашни фаворити Ландо Норис и Џорџ Расел се на третата и четвртата позиција.
Холанѓанецот беше за една десетинка побрз од Оскар Пјастри од Мекларен, додека третата стартна позиција ќе ја заземе неговиот соиграч Ландо Норис.
Британската јавност со нетрпение очекуваше подобар финиш од Луис Хамилтон, рекордерот од Силверстоун, но седумкратниот светски шампион ќе стартува од петтото место.
Во првите десет ќе стартуваат и Леклер, Антонели, Берман, Алонсо и Гасли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА