Верувале или не: Петар Атанасијевиќ постигна 32 гола во победата на Еурофарм Пелистер над Шампион

Ракометарите на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер без проблеми ја поминаа првата пречка во Купот на Македонија откако денеска на домашен терен стигнаа до убедлива победа против Шампион од 57-16.

Домаќините уште од стартот тргнаа фуриозно па на противникот во првото полувреме му дозволија само три гола, а на пауза заминаа со убедливи 26-3. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечние 57-16. Петар Атанасијевиќ го одбележа овој меч со 32 гола што е неверојатен податок. Кај поразените Стефан Огненовски постигна шест. Ова е нов рекорд во македонскиот машки ракомет, а претходниот рекорд го држеше Златко Димитровски кој во дресот на Тиквеш на еден натпревар постигна 31 гол.

Пласман понатаму обезбеди и Радовиш кој славеше против Преспа со 22-41.

Се вчитува...