Вес Морган: Лестер нема да испадне во Чемпионшип

Ако сте шампион, тоа треба да го потврдите и во наредниот период. Сепак, тоа засега му оди мошне лошо на Лестер, кој е поблиску до испаѓање од Премиер – лигата, отколку до одбрана на титулата во Англија.

Капитенот на „лисиците“, Вес Морган, верува дека неговиот тим ќе направи добри резултати до крајот на сезоната и нема да испадне во понизок ранг на натпреварување.

„Работите не се развиваат според нашите планови. Сепак, се чувствува промената во клубот во последните седмици и има знак дека можеме да ја контролираме играта. Се надевам дека ќе продолжиме да остваруваме добри резултати, со кои ќе се заборават сите анализи за наше испаѓање од лигата“ – истакна Морган.

После 20 одиграни натпревари, тимот на Клаудио Раниери се наоѓа на очајната 15. позиција на табелата, со пет бода повеќе од Сандерленд, кој е на загрозувачкото 18. место.

Се вчитува...