Вештачка афера: Мхитарјан ќе биде дел од финалето во ЛЕ

Тензиите кои се направија околу тоа дека на фудбалерот на Арсенал, Хенрик Mхитарјан нема да му биде дозволено да влезе во Азербејџан, за финалето во Лигата на Европа, се потполно вештачки. Без оглед што постои тридецениски спор меѓу Ерменија и Азербејџан, тоа нема да влијае на статусот на Мхитарјан за финалниот меч против Челси .

Најдобриот ерменски фудбалер ќе добие дозвола, да влезе во Баку, потврдуваат азербејџанските власти.

„Многу спортски натпреварувања се одржани во Азербејџан последните неколку години и на нив учествувале спортисти од Ерменија. Спортот и политиката се различни работи, не смеат да се мешаат“, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи на Азербејџан, Лејла Абдулајева.

Сличен став имаат и од УЕФА.

„Добивме гаранции од Фудбалската федерација на Азербејџан дека нема да има никаков проблем да Мхитарјан влезе во земјата“, стои во соопштението на УЕФА. 

Финалето на Лигата на Европа ќе се игра на 29 мај, на Олимпискиот стадион кој има капацитет од 68 700 места.

Се вчитува...