Весли Фофана на мета на Реал Мадрид, Анчелоти го гледа како замена за Рафаел Варан

Реал Мадрид размислува да се засили со централен бек пред да се затвори летниот трансфер преоден рок. Според одредени извори Реал Мадрид се насочил кон Весли Фофана од Лестер Сити, па наскоро се очекува да биде испратена и официјална понуда.

Во текот на изминатите неколку недели, претставници на клубот веќе биле во контакт со агентите на 20-годишниот фудбалер. Проблем може да бидат барањата на Лестер Сити, кои го проценуваат нивниот играч на 80 милиони евра. Сепак е јасно дека Реал нема намера да го купи Весли Фофана додека не се расчисти ситуацијата со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

За потсетување, и двајцата главни централни дефанзивци Серхио Рамос и Рафаел Варан летово го напуштија „Кралскиот клуб“. Шпанецот замина како слободен играч во ПСЖ, додека Французинот се пресели во Манчестер Јунајтед. Фофана дојде во Лестер минатата година, а претходно играше за Сент Етијен.

Се вчитува...