Веснина го освои Индијан Велс

Елена Веснина е победничка на ВТА турнирот во Индијан Велс откако славеше во финалето против сонародничката Светлана Кузнецова.

Веснина славеше во исцрпувачки меч во нешто помалку од три часа, со 6-7,7-5,6-4. Првиот сет го освои Кузнецова, но Веснина потоа успеа да стигне до пресврт победа.

Русинката си ја освои највредната титула во досегашната своја кариера, во која има вкупно три трофеи од ВТА турнирите.

Се вчитува...