Веспрем капитулираше пред македонските младинци

Младинската репрезентација на Македонија оствари одлична победа од 23-22 против тимот на Веспрем, како дел од Велигденскиот турнир што се одржува во Унгарија.

„Црвено-жолтите“ одлично му парирале на реномираниот унгарски состав, а во самиот финиш покажале и фантастичен карактер, претворајќи ја негативата од 21-22 во конечна победа благодарение на погодокот на Јагуриновски неколку секунди пред крајот.

Филип Арсеновски со пет гола беше и најефикасен кај нашиот нашиот национален тим, пред Мице Шилегов, Томислав Јагуриновски и Марко Мишевски со по четири погодоци.

Претходно, победа над Веспрем забележа и нашата селекција за ракометари до 18 години, која го совлада унгарскиот гигант со 27-25. Во главна улога беше Серафимов, кој со единаесет погодоци само потврди дека станува збор за огромен талент. Каковски постигна шест погодоци, а по три пати меѓу срелците се запишаа Митиќ, Божиновски и Костески.

Се вчитува...