Веспрем му даде „фора“, па го прегази Мешков Брест

Дејан Манасков со тимот на Веспрем слеваше убедлива победа  на домашен терен против Мешков Брест со 34-22, во натпреварот од 12.коло во Групата Б од Лигата на шампионите. Унгарскиот првак сега е на второто место на табелата со 15 бода исто колку што има и  Фленсбург кој во ова коло загуби од ПСЖ (29-21).

Почетокот на натпреварот беше во знак на белорускиот тим кој поведе со 0-3. Но, веднаш потоа Веспрем направи серија од 6-0 и комплетно ја презеде контролата на играта и на резултатот. На крајот од првиот дел Унгарците веќе имаа девет гола предност (20-11). Второто полувреме беше само рутинска работа за домаќините кои ја потврдија својата супериорност во овој дуел со убедлив триумф.

Момир Илиќ со осум гола го предводеше Веспрем во седмата победа сезонава во ЛШ. Дејан Манасков на овој натпревар остана на клупата на унгарскиот шампион.

Се вчитува...