Веспрем успешен во првата проверка, Манасков со два гола

Дејан Манасков со Веспрем имаше успешна прва проверка во подготовките за новата сезона. Избраниците на тренерот Љубомир Врањеш прв пат се претставија пред домашната публика во новиот засилен состав и славеа убедлива победа во контролниот натпревар против Балатонфуреди (35-18).

Манасков на лево крило делеше минутажа со Хрватот Мануел Штрлек кој летово се пресели од Кјелце во веспрем. Македонскиот репрезентативец на овој прв контролен меч постигна два гола.

Покрај Штрлек, својот прв натпревар во дресот на Веспрем пред домашната публика го одиграа и Кентин Мае и Борут Мачковшек, а во составот на овој меч ги немаше Арпад Штербик и Рене Тофт Хансен.

Веспрем е еден од противниците на Вардар во групата А, во престојната сезона во Лигата на шампионите.

Се вчитува...