Вест хем елиминиран од ФА Купот на Англија

Виган го приреди најпријатното изненадување на денешните дуели од 4. коло во ФА Купот на Англија, елиминирајќи го премиерлигашот Вест хем со победа од 2-0. Дејвид Мојес тактизираше со составот на „чеканите“ правејќи низа ротации, а домашниот тим знаеше како да го искористи тоа и да го земе скалпот на големиот фаворит. Григ беше стрелец на двата погодоци за Виган, а гостите од Лондон мечот го завршија со фудбалер помалку, откако Масуаку беше исклучен на стартот од второто полувреме за плукање на еден од домашните играчи.

Саутемптон славеше против Ватфорд со 1-0 во дуелот на двата премиерлигаши, со голот што го постигна Стивенс уште во 4. минута.

Брајтон со погодокот на Мареј во 90. минута триумфираше со 0-1 на гостувањето против Мидлсброу, додека Хадерсфилд одигра само 1-1 на домашен терен против Бирминген.

Се вчитува...