Фудбалскиот клуб Вест Хем денес објави дека не го продолжил договорот со репрезентативецот на Јамајка, Мајкл Антонио.
Антонио (35) имаше договор со Вест Хем до 30 јуни оваа година. Тој не играл за лондонскиот клуб од декември минатата година кога имаше тешка сообраќајка несреќа, поради која претрпе тешки повреди. Во меѓувреме се врати на терените, и за Јамајка одигра три натпревари.
На 7 декември 2024 година Вест Хем објави дека Антонио имал тешка сообраќајка со своето „Ферари“. Подоцна беше потврдено дека е во добра состојба, но дека претрпел операција поради фактура. Мина во болница до крајот на декември, а се претпоставуваше дека ќе отсуствува една година. Сепак, се врати на 17. јуни 2025 година кога одигра меч за Јамајка во Голд Купот против Гватемала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

