Вест Хем тргнува по репрезентативецот на Хрватска

Вест Хем Јунајтед имаше сезона од сништата во која беше блиску до изборување на место кое води во Лигата на Шампионите, меѓутоа тимот на Дејвид Мојс на крајот мораше да се задоволи само со излез во Лига Европа. За меѓународното натпреварување на „чекичарите“ сега има се потребни нови засилувања, а едно од нив е и во дефанзивата каде во преден план е Хрватот Дује Чалета-Цар.

Фудбалерот на Марсеј имаше одлична сезона зад себе во француското првенство, одигра добро и во Лигата на Шампионите, а добрата форма ја продолжи и на Европското првенство. Со тоа хрватскиот интернационалец го привлече вниманието на лондонскиот клуб кому очајно му е потребен стопер по заминувањето на Балбуена.

Чалета-Цар пристигна во францускиот прволигаш за 19 милиони евра од редовите на Салзбург во 2018 година, но добрата форма ја крена неговата цена. Трансфермаркт го проценува Хрватот на 25 милиони евра, меѓутоа Вест Хем ќе мора да издвои околу 30 милиони доколку сака да го реализира овој трансфер, пренесуваат англиските медиуми.

Се вчитува...