Вест на денот за Реал, Јуве и Барса – УЕФА и ФИФА загубија во судскиот спор за Суперлигата

УЕФА и ФИФА немаат право да ги санкционираат Реал Мадрид, Јуветус и Барселона поради идејата за формирање на Суперлигата. Швајцарскиот суд кој се занимава со овие прашања донесе одлука дека не постои основа врз која УЕФА и ФИФА би можеле да ги исфрлат клубовите од натпреварувањето во обид за создавање на нов фудбалски турнир – Суперлига.

УЕФА вложи максимални напори да ги исфрли споменатите клубови од Лигата на шампионите во следните две години, но такво нешто ќе биде невозможно. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин остро го осуди обидот за воспоставување на Суперлигата.

Сепак, како што стојат работите, Суперлигата нема да биде создадена, сè продолжува како порано, само што УЕФА сега ќе го смени форматот на Лигата на шампионите во корист на богатите, а тоа ќе помине во фудбалскиот свет како „помало зло“ од Суперлигата, иако нема да се разликува по многу нешта.

Се вчитува...