Вест што сите ја чекаа – Модриќ донесе одлука

Лука Модриќ предвреме ја заврши оваа натпреварувачка сезона поради повредата на дербито со Јувентус, но тоа по се изгледа нема да биде и последен меч што хрватскиот генијалец ќе го одигра на италијанско тло.

Медиумите од Апенинскиот полуостров ја обелоденија информацијата што сите со нетрение ја очекуваа – Модриќ решил да продолжи да игра уште една година, и тоа повторно во дресот на Милан прифаќајќи ја понудата за нов едногодишен договор со „росонерите“.

Постоеше опција Хрватот да се пензионира со настапот на СП 2026, но Лука очигледно верува дека е доволно физички подготвен за уште една сезона на клупски план.

Динамо Загреб сонуваше негов камбек, но Модирќ имаше поинакви планови – тој веќе ги договори условите за нов едногодишен договор, откако доби гаранција за создавање на уште посилен тим на Милан што во следната сезона би се борел за скудетото.

Се вчитува...