Вестбрук и Харден одлични, Кливленд „демолиран“ од Клиперси

Оклахома славеше против Сакраменто со 110-94 во првиот меч од синоќешната програма во НБА лигата. Па Оклахома сега има ист ефект како и ЛА Клиперс (40-29) сместувајќи се на 4. место на Западот со три победи помалку од Јута, додека Сакраменто има 27 победи и 42 порази.

Очекувано, најзаслужен за победата на Оклахома беше Расел Вестбрук со 28 поени, 10 асистенции и 8 скока. Само два скока му недостасуваа за 35-от „трипл-дабл“ сезонава. Најдобро го следеше Стивен Адамс со 16 поени и 13 скока, додека резервистот Енес Кантер имаше 17 поени и 4 скока.

Џејмс Харден и Хјустон ја прекинаа низата од четири победи на Денвер славејќи со 109-105. Одлична вечер имаше Харден со „трипл-дабл“ ефект од 40 поени, 10 скока и 10 асистенции, 19-ти негов сезонава.

Портланд беше убедлив на гостувањето против Атланта победувајќи со 113-97. Победничкиот тим беше предводен од Демијан Лилард со 27 поени и по пет скока и асистенции, а го следеше МекКалум со 22 поени, 6 скока и 5 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Вашингтон 98-93, ЛА Клиперс – Кливленд 108-87, Чикаго – Јута 95-86, Мемфис – Сан Антонио 104-96, Денвер – Хјустон 105-109, Голден стејт – Милвоки 117-92, Оклахома – Сакраменто 110-94, Атланта – Портланд 97-113

Се вчитува...