Везенков добива легендарен статус, го надмина Спанулис

Бугарскиот репрезентативец Саша Вензенков е избран за најкорисен играч на месец јануари во Евролигата. За него тоа е четврто вакво достигнување со кое добива легендарен статус во Олимпијакос бидејќи го надмина Василис Спанулис кој има три МВП признанија зад своето име.

Во текот на месец јануари Везенков бележеше просек од 24.3 поени по натпревар со 66.7 отстотна успешност. Особено импресивен беше настапот против Баерн Минхен, натпревар на кој постигна 45 поени. Покрај тоа бележеше и шест скокови по натпревар.

Се вчитува...