Видал: Подготвени за голема битка во Мадрид

Баерн Минхен утревечер ќе му гостува на Реал Мадрид во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, надевајќи се дека ќе успее да ја надомести негативата (1-2) од првиот натпревар на „Алијанц арена“. Артуро Видал го постигна единствениот гол за баварскиот тим на овој меч, но потоа и не реализира пенал за водство од 2-0. По ова, следеа два гола на Кристијано Роналдо и пресврт за триумф на „кралевите“.

Тимот на Баерн Минхен се упати кон Мадрид, а чилеанскиот интернационалец најавува големо битка и на „Сантијаго Бернабеу“.

„Подготвени за голема битка во Мадрид. Веруваме во успех“, порача Артуро Видал, позирајќи во боксерски гард, заедно со Рафиња.

Се вчитува...