Видарсон: Оптимист сум за добар резултат со Македонија, очекувам сличен натпревар како со Романија!

Арнар Видарсон, селекторот на Исланд, истакна дека Исланд и Македонија се во слична позиција, со исти цели и дека оптимистично го дочекува утрешниот меч, на кој неговата селекција ќе се обиде да ги поправи грешките од дуелот со Романија и да се избори за позитивен резултат.

По првите четири меча, Исланд има три бода, а единствен триумф досега имаат против Лихтенштајн од 4-1 во март годинава и таа победа е единствена во деветте официјални пресметки од октомври лани во кои осум им се порази.

„Имаме неколку фудбалери кои сѐ уште се исцрпени од мечот со Романците, тројца не тренираа превентино и ништо страшно не е со нив, така да конкурираат за мечот. Јас сум оптимист за утрешниот меч, а Македонија е во слична положба како нас, така да ние работиме од меч во ме да бидеме подобри. Имаме многу добар тим, но работиме на тоа тимот да е добар не само сега, туку и за една година, за две години. Сѐ уште го градиме овој тим, а утре очекувам сличен меч како со Романија“, вели Видарсон.

Тој посочува дека без оглед на поразот од Романците, задоволен е како одиграле на тој меч и дека очекува сега некои грешки да се исправат за резултатот да биде подобар.

„Видов многу добри работи од тој меч, бевме многу добри, но не бевме одлични. Тимот создаде шанси, имаше добри работи со топката, ама загубивме на индивидуални грешки и тоа им овозможи на Романците да победат. Сега тие грешки мора да ги исправиме за да очекуваме победа“, додава Видарсон.

Се вчитува...