ВИДЕО: Балдовалиев ги урна надежите на Скопје, „академците“ победија по четири месеци!

Академија Пандев успеа да слави во Првата македонска фудбалска лига по цели четири месеци. „Пандевци“ сосема заслужено триумфираа со 0-2 на гостувањето против Скопје, на мечот кој поради суспензијата на теренот во Автокоманда се играше во Кичево.

За Скопје бодовите беа повеќе од важни во трката за опстанок… Но, тоа не беше важно за „пандевци“ кои најпрво погодија преку Љупчо Дориев во 57. минута, а Зоран Балдовалиев со прекрасен гол од 20 метри во 66. минута ги урна сите надежи на скопјани…

Се вчитува...